19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSkopje City Mall – препознатливо обележје на модерно Скопје

Skopje City Mall – препознатливо обележје на модерно Скопје

Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој во изминатите години успеа да ги обедини шопингот, забавата и дружењето. Како најголем центар од ваков карактер во регионот, Skopje City Mall за овие 5 години постоење, направи револуција во шопинг искуството и прерасна во едно од најпрепознатливите обележја на модерно Скопје. Со својата уникатност, подеднакво и во понудата и во дизајнот, овој трговски центар привлекува посетители од целата држава и регионот нудејќи им неповторливо искуство преку една нова димензија на шопингот и со својата богата понуда успева да ги задоволи нивните префинети вкусови.

Според бројките кои имавме можност да ги слушнеме во изминатиов период, Skopje City Mall е голем инфлуенсер врз повеќе аспекти, како што се економскиот, социјалниот и културолошкиот. Повеќе од 35.000.000 посети во само 5 години е бројка за почит. Повеќе од 1460 лица кои секојдневно работат кај повеќе од 180 закупци. Потрошувачката во Skopje City Mall од 2012 до 2016 година е зголемена за 51%, а зголемен е и интересот на светски и домашни брендови за отворање на локал во Skopje City Mall. Од отворањто на трговскиот центар, во Македонија за прв пат влегоа 40 интернационални брендови. Ова се само еден дел од економските параметри на кои Skopje City Mall има огромно влијание. Од културолошки аспект успеаа да организираат голем број настани кои ретко кога ќе можеме да ги видиме, како LEGO Фестивалот, Ретро Мак забавата по повод петтиот роденден, и ред други настани, концерти и кампањи кои се директно реализирани или поддржани од трговскиот центар.

Skopje City Mall е единствениот трговски центар во регионот кој ги има прифатено и имплементирано светските стандарди на еден модерен трговски центар. Големо внимание се посветуваат на деталите, грижата за убавиот амбиент, топлите бои, пријатната температура, изборот на храна, пијалоци и други забавни содржини, што го прават Skopje City Mall главно место кадешто луѓето го поминуваат своето слободно време.

Од минататa година Skopje City Mall е дел од Хајстед Лимитед, кој е водечки специјализиран фонд за трговски центри и работи портфолио на трговски центри во Југоисточна Европа. Хајпроп Инвестментс Лимитид (REIT рангирани на JSE) поседува 60% од акциите во Хајстед и ПДИ-компанија која ја застапува Луј Норвал, ги поседува останатите 40% од акциите. Хајстед поседува четири трговски центри во Југоисточна Европа, “Delta City“ Подгорица (Црна Гора) со 23.718м2, “Delta City“ Белград (Србија) со 27.693м2 , “Skopje City Mall “ Скопје (Македонија) со 36.999 м2 и “Мол“ во Софија (Бугарија) со 52.000 м2. Стратегијата на Хајстед е да поседува висококвалитетни трговски центри на пазарите во развој. Трговските центри на “Хајстед” доминираат во однос на просечната големина, а со тоа привлекува нови концепти и водечки продавници и ги прави центрите најпосакувани локации за локални и меѓународни брендови. Според она кое имавме можност да го слушнеме од менаџментот, наредниот период можеме да очекуваме многу новитети, како проширување на капацитетите на Skopje City Mall, пред сѐ поради реалната потреба која ја имаат, и влез на нови светски брендови кои ќе ни ги најават во периодот кој следи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП