12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорбс: Трамп е посиромашен за 600 милиони долари

Форбс: Трамп е посиромашен за 600 милиони долари

“Форбс” листата на најбогати Американци покажува дека богатството на претседателот на САД, Доналд Трамп е помалку за 600 милиони долари, додека најбогатите Американци се уште побогати.

Трамп моментално има 3,1 милијарда долари, што го носи на 248 место на листата на најбогати луѓе во САД.

Форбс вели дека причините за слабеењето е пазарот на недвижности во Њујорк, голем број на тужби и барања и неговата претседателска кампања.

Од друга страна, најбогатите Американци се побогати од пред една година.

На врвот на листата е Бил Гејтс, кој според проценките има 89 милијарди долари.

Го следи основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос со богатство од 81,5 милијарди долари.

На трето место остана Ворен Бафет со 78 милијарди долари.

Форбс пишува дека основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг остварил најголемата добивка 15,5 милијарди долари, но сеуште се наоѓа на четвртото место.

Најмладиот милијардер и основач на “Snapchat”, дваесетиседумгодишниот Ивен Шпигел, кој со богатството од 3,1 милијарди долари се најде на 248 место.

Генерално, 400 најбогати Американци имаат вкупна нето вредност од 2,7 илјади милијарди долари, што е според Форбс уште еден рекорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП