19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJPMorgan лесно ги надмина очекувањата за приходите и профитот за кварталот

JPMorgan лесно ги надмина очекувањата за приходите и профитот за кварталот

Американската банка „JPMorgan Chase“ со леснотија ги надмина очекувањата на „Wall Street“ во однос на приходите и профитот за кварталот, но најсериозниот пад во трговијата со обврзници го засенува профитот кај кредитите и повисоките каматни стапки, соопштува „Ројтерс“.

Тргувањето на финансиските пазари е повторно проблем за банката. Приходите од трговијата со обврзници е намалена со 27% во однос на истиот период од минатата година, кога таа беше поддржана од повисоката пазарна активност поради „Brexit“ и изборите во САД. Приходите од берзите исто така се намалија за 4%.

Акциите на „JPMorgan“ кој даде старт на сезоната на извештаите за банките во САД, се потопија со 0,66% до 96,20 долари во берзанската трговија.

„Резултатите се стабилни, но тие не се исклучителни“, вели аналитичарот на „Morningstar“, Џим Сигален.

Неколку големи американски банки предупредија во минатиот месец дека приходите од тргувањето со акции и обврзници ќе бидат „удрени“ во третиот квартал.

Вкупниот приход на „JPMorgan“ е намален за 21%. Главниот извршен директор Џејми Дајиман минатиот месец предвиде пад од околу 20% за кварталот.

Просечниот пораст на банкарските кредити и повисоките нето приходи од каматите во текот на кварталот помогна да се олесни „ударот“.

„Глобалната економија продолжува да се справува добро, а американските потрошувачи остануваат во добра состојба со стабилен раст на платите“, вели Дајиман во соопштението.

Вкупните приходи на банката сепак се зголемија за 2,7% до 26,2 милијарди долари, што е над просечната оценка на аналитичарите за 25,23 милијарди долари.

Нето добивката се зголеми на 6,73 милијарди долари или 1,76 долари по акција, во третиот квартал до 30-ти септември.

Аналитичарите очекуваа профит од 1,65 долари по акција, посочува „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Нето каматниот приход се зголеми за 10 отсто на 12,80 милијарди долари поради повисоките каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП