
Германскиот авиопревозник „Ер Берлин“ најави дека најдоцна до 28 октомври ќе ги стопира летовите.


Германскиот авиопревозник „Ер Берлин“ најави дека најдоцна до 28 октомври ќе ги стопира летовите.
Компанијата во август прогласи банкрот и нејзините авиони летаат благодарение на заемот од државата. Тогаш управата почна преговори со повеќе инвеститори за продажба на делови од компанијата.
Разговорите со „Луфтханза“ и „Изиџет“ ќе траат до четврток, а по склучувањето договори, „Ер Берлин“ ќе ги запре операциите. Превозниците „Ники“, која лета кон туристички дестинации, и „Ел-џи волтер“, кој работи во состав на „Ер Берлин“, не се несолвентни и тие и понатаму ќе функционираат.
Повеќето од летовите на „Ер Берлин“ до подалечни дестинации веќе се откажани.
„Луфтханза“ е заинтересирана за некои од летовите на „Ер Берлин“ што ги покриваат 81 авион, а „Изиџет“ е заинтересиран за летовите на кои сообраќаат од 27 до 30 авиони.