29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Dell“ размислува за отстапување од јавната трговија со акции

„Dell“ размислува за отстапување од јавната трговија со акции

cool-dell

Кога би ви кажале дека „Dell“ ја разгледува опцијата да стане приватна команија, тоа значи дека постои можност повеќе на берзата да не се тргува со нивните акции со што структура на компанијата ќе биде приватна под закрила на финансиските институции специјализирани за тоа. Ова не е прв пат „Dell“ да ја разгледуваа оваа можност. Спротивно на малите компании кои се појавуваат на берзите со цел да го забрзаат својот раст, старите компании понекогаш се одлучуваат да се повлечат од берзата за да го стабилизираат нивниот бизнис, или за да го смират финансискиот колапс. „Dell“ остварил 7% помалку приходи во однос на минатата година и дури 34% помал профит во истиот период. За ваков потег се потребни силни банки и слични финансиски организациии, бидејќи во таа прилика доаѓа до големи промени во распоредот и групирањата на акциите. Сепак, првиот човек на компанијата „Dell“, Мајкл Дел, поседува дури 15,7% од акциите, со што ќе го поедностави овој потег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП