23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Бела ноќ" во Скопје

“Бела ноќ” во Скопје

Денес низ нашиот град ќе се одржи Бела Ноќ по 13ти пат.

Од градот велат дека годинава ќе биде „поскромна“, но со квалитетна програма, насочена низ неколку точки во градот.

ГОЛЕМАТА изложба на генијалниот Салвадор Дали, во Галеријата на Младинскиот културен центар – МКЦ. Шпанскиот уметник ги илустирал познатите басни како „Гавран и лисица“, „Коњи и волк“, „Лавовиот  двор“, „Болниот елен“. Оваа серија бакрорези е создадена во 1974 година и е печатена на 250 графички табли, кои се чуваат во многу галерии низ целиот свет.

Ќе бидат изложени и дела од опусот „Вечерите на Гала“, „Божествена комедија“, и познатите Далиеви коњи, како и една скулптура во позлата, наречена „Жена жирафа“. Вкупно 29 дела од овој мајстор на уметноста. Изложбата е организирана во соработка со уметничката галерија „Висконти“ од Љубљана и Централноевропскиот културен центар од Нови Сад.

На Плоштадот Македонија, во 21:00 часот, фантастичната корејската група Tago&АtoBIZ ќе ни го претстави својот музички спектакл, перформансот „Таго: Корејски тапан 2“, кој е виден во целиот свет, на сите континенти, на најпрестижните театарски фестивали во Европа и светот. 30-ина актери, танцувачи, изведувачи и членови на оваа светска атракција, ќе не почестат со свој 70-минутен перформанс носејќи не во сосема друг свет. Заборавете на стресот и вратете ја назад вибрантната енергија во вашиот живот. Одличен микс на корејски традиционални инструменти, почнувајќи од огромни тапани, до мали перкусии со доза на древни боречки вештини, чија цел е да го збогатат перформансот со динамични движења. Ова гостување во рамките на Бела ноќ е во соработка со фестивалот МОТ, т.е. во МОТ+ програмата.

Во горното фоаје на кино Фросина, во Младинскиот Културен Центар ќе биде поставена изложбата „Сексот и револуцијата“. Авторскиот тим Катерина Станковиќ – Бјеговиќ, ликовна уметничка и Јелена Живковиќ, историчарка, ни ги претставуваат љубовните тајни на некои од најголемите имиња на револуциите.н„Жените ги кратат косите и здолништата, а мажите бараат карта повеќе за последното седиште во кината. Роза Луксембург во Берлин му пишува на драгиот Лео писма и бара повеќе секс, заедно со револуцијата. Марлен Дитрих игра на шанк на геј-клубовите и носи различни жени и мажи во кревет. Врвот на сексуалната револуција бил во 60-те, низ социјално превирање и антивоеното движење“.

На платото на Младинскиот културен центар:

– Barbarisms – тричлен бенд од Стокхолм, предводен од американскиот композитор Николас Фараоне;
– Conquering Lion – даб/реге/кросовер бенд од Тетово, кој своето творештво го започнува во април 2007;
– Ninos Du Brasil – перкусионистичко италијанско дуо, со позадина од бразилската карневалска музика;

Во Џебното Кино на МКЦ го најавуваме соло-настапот на Алекс Јонсон од Данска, наградуван гитарист, композитор и импровизатор.

Секако, филмскиот маратон во кино Милениум, кој ни го носи новиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска.

Од градот Скопје наведуваат дека  возењето во градските автобуси на ЈСП кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19:00 часот до раните утрински часови ќе биде бесплатно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП