23 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдлична игра на Македонија против четирикратниот светски шампион Италија

Одлична игра на Македонија против четирикратниот светски шампион Италија

Македонија успеа да остане непоразена во Торино, откако во претпоследниот квалификациски меч за Светското првенство во Русија во 2018 година, одигравме 1:1 против моќната Италија.

Иако резултатот не беше императив за двете репрезентации, бидејќи Италија го има обезбедено местото во баражот за СП, додека Македонија одамна нема шанси за пласман, мечот беше динамичен, и Македонија се покажа како достоен противник.

Италија поведе со голот на Џорџо Кјелини во 40. минута од мечот, откако по мешаница пред нашиот гол направивме неуспешна офсајд-стапица и ветеранот на Јувентус лесно го совлада Димитриевски.

Македонија својата шанса ја дочека во 77. минута, кога проработе „италијанската врска“ во македонската репрезентација. Илија Несторовски убаво додаде до Горан Пандев, кој пак го пронајде напаѓачот на италијанскиот второлигаш Палермо, Александар Трајковски, за фантастичен гол и израмнување.

Во финишот на натпреварот, Македонија го издржа притисокот на „аѕурите“, за второ реми во овој квалификациски циклус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП