10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШопинг во Bella до 50% попуст!

Шопинг во Bella до 50% попуст!

Од денес до недела во бутикот на Bella во Skopje City Mall дамите ќе можат да ја збогатат својата колекција на облека со модерни и квалитетни парчиња по цени намалени до 50%. Оваа акција се случува во рамките на прославата на петтиот роденден на трговскиот центар. Освен попустот акцијата вклучува и можност за купување до полноќ во сабота, на 7-ми октомври.

„Со задоволство се приклучивме на оваа активност со која ќе го прославиме роденденот на нашиот најголем трговски центар, а воедно ќе им овозможиме на дамите да си набават одбрани парчиња облека од нашата понуда по супер цени. Попустот започнува денес и ќе трае до недела, 8-ми октомври, односно додека ја имаме на залиха облеката која е дел од оваа акција.“ – изјавуваат од Bella.

Компанијата се приклучи и на акцијата Fashion Hunt во рамките на роденденската прослава на трговскиот центар во која ќе додели вредносен ваучер од 400 евра за победничката во женска категорија за најстилски облечен посетител на Skopje City Mall на 7-ми октомври, сабота, од 18 до 22 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП