30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИXiaomi оствари рекордна продажба на паметни телефони

Xiaomi оствари рекордна продажба на паметни телефони

За кинеската компанија „Xiaomi“ минатиот месец беше изразено успешен, барем кога станува збор за продажбата на пеметни телефони.

Во текот на септември „Xiaomi“ продаде повеќе од 10 милиони паметни телефони.

Таквиот успех најпрвин беше можен благодарение на големите успеси на индискиот пазар, каде „Xiaomi“ онлајн на интернет страните „Flipkart“ и „Amazon“ за само 48 часа успеал да продаде 1 милион паметни телефони, најмногу од моделот „Redmi Note 4“.

Тоа воедно значи дека кинеската компанија во текот на 2017 година би можела да закрепне од минатогодишниот пад на продажбата, кога бројот на продадени паметни телефони падна од 70 милиони од 2015 година на 58 милиони во текот на 2016 година.

Според пишувањето на порталот „ DigiTimes“ на крајот на август, кога сеуште не беа познати септемвриските деловни резултати, „Xiaomi“ во текот на третиот квартал од оваа година би требало да продаде меѓу 25 и 30 милиони паметни телефони. Тоа се податоци кои сигурно ќе му помогнат на „Xiaomi“ кој наскоро илегува на берзата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП