КОМПАНИИ

EasyJet објави рекорден број на патници што се обслужени ова лето

Британскиот „EasyJet“, нискобуџетна компанија, објави рекорден број патници ова лето и предвидува силни финансиски резултати на крајот на финансиската година, објави „ББС“.

Авиокомпанијата пренесе 24,1 милион патници во трите месеци до крајот на септември, со 95,6% од седиштата. Превозникот очекува профит на крајот на финансиската година што завршува на 30-ти септември да биде помеѓу 405 и 410 милиони фунти, што одговара на позитивните прогнози на компанијата.

„Тоа е добра изведба на брзорастечки пазар“, рече Керолин МекКол, извршен директор на „Easyjet“.

„EasyJet ја заврши годината со позитивен момент, земајќи ја и силната последна четвртина и многу добрата втора половина како целина“, рече МекКол.

„Бројот на патници и факторот на оптоварување во четвртиот квартал достигнаа нови рекорди, а добивката во втората половина на фискалната година е над 100 милиони фунти повеќе отколку во летото 2016-та година.

Претходно овој месец, авиокомпанијата објави дека ги поддржува плановите за развој на патничките авион со електричен погон, наместо конвенционалните аеро-мотори.

Се планира дека електричните авиони ќе можат да служат за кратки дестинации во следните 10-20 години.