5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаместо да се пензионираат на 67-годишна возраст, Полјаците отсега ќе одат на...

Наместо да се пензионираат на 67-годишна возраст, Полјаците отсега ќе одат на 60 години

Полска ја намали старосната граница за пензионирање, која сега е 60 години за жените, а за мажите 65 години.

Ова е спротивно на европскиот тренд на постепено зголемување на возраста за пензионирање затоа што луѓето живеат подолго и претставува исполнување на предизборните ветувања на владејачката партија Право и правда (ПИС), соопшти агенцијата Ројтерс.

Според законот од 2012 година, границата за пензионирање треба постепено да се зголеми на 67 години.

Можноста за предвремено пензионирање може да искористат 331.000 граѓани, или два проценти од вкупно 16,3 милиони работници во Полска, проценува државниот пензиски фонд ЗУС.

Пониското ниво на пензионирање, според проценките, ќе влијае на економијата во блиска иднина само во ограничена мера, која покажува силен раст на активноста, додека државните финансии може да бидат под нешто поголем притисок.

Полска има 38 милиони жители и е меѓу земјите на Европската унија со најбрзо темпо на стареење на населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП