10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрујата за домаќинства во првото полугодие од 2017 поевтина во однос на...

Струјата за домаќинства во првото полугодие од 2017 поевтина во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото полугодие 2017 година во Република Македонија, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.017 денари по KWh, што претставува пад од 1.3% во споредба со второто полугодие во 2016 година.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата се движи од 3. 417 до 8.084 денари по KWh по групи потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата се движи од 15.709 до 22.673 денари по nm3 по групи потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 31.464 денари по nm3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП