6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРЕКОРД: 16,5 милиони богаташи "тешки" 63,5 трилиони долари

РЕКОРД: 16,5 милиони богаташи “тешки” 63,5 трилиони долари

Бројот на милионери во светот се зголеми за речиси осум проценти минатата година, на рекордно високо ниво од околу 16,5 милиони, а нивното богатство достигна вкупно 63.500 милијарди долари, според новата студија на “Capgemini”.

Во изминатата година, 1.15 милиони луѓе станале нови милионери, според извештајот на “Capgemini”.

САД, Јапонија, Германија и Кина имаат најмногу милионери, сочинувајќи скоро две третини од вкупниот број на милионери. Во САД, бројот на богати луѓе се зголеми на 4,8 милиони од 4.46, додека бројот на милионери во Кина се зголеми на 1.13 милиони, со нешто повеќе од еден милион.

Азиско-пацифичкиот регион, Европа и Северна Америка подеднакво придонесоа за зголемување на вкупното богатство, при што Русија, Бразил и Канада се вратија во негативен тренд.

Франција ја престигна Велика Британија и влезе во првите пет по бројот на милионери, со помош на закрепнувањето на секторот за недвижнини, додека Шведска го турна Сингапур од топ 25.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП