24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДва екрани: Претставена третата генерација на YotaPhone (видео)

Два екрани: Претставена третата генерација на YotaPhone (видео)

YotaPhone од конкуренцијата се разликува по својот e-ink екран кој што е сместен на задната страна од телефонот.

Од предната страна рускиот YotaPhone изгледа како секој „нормален“ паметен телефон, но изненадувањето се наоѓа на задната страна од телефонот каде што е сместен e-ink екран наменет за читање и кој штеди енергија.

Во изминатите неколку години беа претставени две генерации на овој паметен телефон, а сега е најавена и третата генерација на YotaPhone кој од предната страна ќе има 5,5-инчен AMOLED екран со резолуција од 1920х1080 пиксели, додека на задната страна ќе има 720p екран со дијагонала од 5,2 инчи – што е зголемување во однос на претходниот модел кој што имаше 4,7 e-ink екран со резолуција од 960х540 пиксели.

Што се однесува до останатите опции, YotaPhone 3 е телефон од средна категорија – работи на процесор Snapdragon 635, има 4 GB RAM меморија, камера од 12 мегапиксели и тоа само на задната страна, батерија со капацитет од 3300 mAh, поддршка за брзо полнење и USB-C приклучок каде што можат да се приклучат и слушалките, затоа што овој телефон не располага со 3,5 мм излез.

Работи на оперативниот систем Андроид, а ќе се продава по цена од 560 долари за моделот со 64 GB интерна меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП