3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија доби четворка од странските туристи

Македонија доби четворка од странските туристи

Многу добар, 4. Ова е оцената што странските туристи ја дале за нашата држава. Од јануари до јули во земјава имало 17.6% повеќе странци во споредба со истиот период лани.

Највисока оцена за луѓето, најниска за патиштата

Според анкетата на Државниот завод за статистика (ДЗС) најдобро е рангирано однесувањето на луѓето (4.62), а најлошо патната мрежа (3.11).

За сместувањето странците дале просечна оцена (4.56), за археолошките локалитети (4.38), за природната средина (4.37), за рестораните (4.18), за безбедноста (4.12), за аеродромските услуги (3.93), за здравствените услуги (3.92), за забавата и ноќниот живот (3.98), за хигиената на плажите и езерата (3.71), за хигиената на јавните места (3.68), за објектите на плажата (3.67).

Кога се ќе се собере просечната оцена за целосната понуда на Македонија е (4.05).

Над 340 илјади странски туристи заклучно со јули

Податоците на ДЗС покажуваат дека во Македонија од јануари до јули годинава имало нешто над 340 илјади странски туристи што е за 51 илјада или 17.6% повеќе од истиот период лани.

Овие 340 илјади туристи оствариле 684 илјади ноќевања односно во просек секој од нив во земјава останува само по два дена.

Според Анкетата просечните трошоци на странските туристи по ноќевање, во 2016 година, изнесуваат 9.040 денари.

Туристичките работници бараат владина поддршка

И покарај солидните стапки на раст, туристичките работници не се задоволни. Велат дека Македонија може и мора да работи многу повеќе. Токму затоа веќе побараа нови владини мерки за овој сектор.

„Ние ќе предложиме до Владата како што се во Шпанија и во Грција , во зимските месеци кога нема туризам да се субвенционира или хотелиерите да даваат пониски цени за да се зголеми домашниот туризам“, вели Славе Сирачевски, заменик претседател на туристичка комора при Стопанската комора на Македонија.

Туризмот и угостителството учествуваат само со 1.2% во вкупниот Бруто – домашен производ на Македонија, меѓу најниските проценти во регионот.

Непријавени апартмани, диви водичи – горливи проблеми

Како горливи проблеми кои се години се провлекуваат се издавањето апартмани на диво и туристичките водичи без лиценци.

Десет туристички водичи кажуваат 12 верзии – со оваа дејност се занимаваат студенти, келнери, таксисти, велат во здруженијата за угостителство и туризам.

„Треба да се воведе републичка туристичка инспекциска каде што и градските туристички инспектори ќе бидат под мониторинг, да не бидат во ситуација два часа сум инспектор, три часа нудам приватно сместување, да не ме сфатат погрешно ама , но со тоа ќе се елиминира сивата економија“, вели Бранко Босилков, претседател на здружение на туристички водичи.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП