28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Citroen C5 во Европа дури во 2020 г

Новиот Citroen C5 во Европа дури во 2020 г

Францускиот производител нема намера да ја претстави третата генерација на моделот C5 пред крајот на оваа декада, иако претходната верзија престана да се произведува за европскиот пазар на пролет 2017 година.

Веста за најновите планови на Citroen ја пренеусва Automotive News, повикувајќи се на изјавата на директорката на оваа компанија, Линда Џексон, дадена на саемот за автомобили во Франкфурт.

И додека C5 им е „скратен“ на купувачите на Стариот континент, барем уште 3 години, во Кина на почетокот на 2017 година е претставена рестилизираната верзија од втората генерација која и понатаму е достапна на тој пазар.

На Кинезите на располагање им е редизајнираниот C5, со неколку измени на надворешноста, вклучувајќи поинакви фарови, маска за ладилник и стоп светла, како и преобликувани браници. Промените во внатрешноста на автомобилот, меѓу останатото, подразбираат и дигитален екран наместо класичната интрумент табла.

Цитроен C5 за кинескиот пазар е достапен во две верзии, со два турбо бензинци.

Послабиот, 1,6 литаркиот развива 167 КС (123 kW) и 245 Nm, а посилниот 1,8 л испорачува 204 КС (150 kW) I 280 Nm. Првиот од 0 до 100 км/ч забрзува за 9,8 сек, а втриот за 8,3 сек.

Иако Европејците на новиот C5 ќе чекаат до 2020 година, во меѓувреме на пазарот ќе стигне SUV-от C5 Aircross, кој беше претставен на авто-салонот во Шангај, во април, а во европските продажни салони ќе пристигне во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП