28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСега може да се праќаат пари преку Gmail

Сега може да се праќаат пари преку Gmail

gmail

Покрај многубројните новитети кои беа претставени на годинешната „I/O“ конференција на „Google“ беше најавена и интеграција на „Google Wallet“ сервисот кој ќе биде поврзан со „Gmail“. Ова значи дека корисниците на „Gmail“ наскоро ќе можат да праќаат пари по пат на електронска пошта.

Најинтересно во врска со новата услуга е леснотијата на неговата употреба. Како што може да се види на видеото се што треба да сторите е да кликнете на симболот „$“ за да можете да „закачите“ пари покрај вашиот „е-mail“ исто како да прикачите било кој друг документ.

Менаџерот за производи на „Google“, Тревис Грин нагласи дека новата опција ќе почне да се појавува на налозите кај корисниците кои имаат повеќе од 18 години веќе во текот на наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП