3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle и HTC потпишаа договор вреден 1,1 милијарда долари

Google и HTC потпишаа договор вреден 1,1 милијарда долари

„Google“ и „HTC“ објавија дека потпишале договор вреден 1,1 милијарда долари, информира „CNBC“.

Целиот износ ќе се плаќа во готово, а трансакцијата се очекува да биде одобрена во почетокот на 2018-та година.

Се верува дека вредноста на договорот е значително намалена во последниве денови, бидејќи вчера имаше шпекулации за 1,9 милијарди долари.

Според договорот, дел од инженерите и дизајнерите на „HTC“ ќе одат во „Google“.

Покрај тоа, подружницата на „Alphabet“ ќе добие пристап до лиценците и патентите на „HTC“, и нема да бидат ексклузивни.

„HTC“ објави дека договорот нема да ги спречи да развиваат и продаваат свои паметни телефони, дури и да работат на следниот модел.

Веста доаѓа само неколку часа откако Тајванската берза објави дека привремено го суспендира тргувањето со акции на „HTC“. Во 2011-та година компанијата достигна удел од речиси 10% од пазарот на паметни телефони, додека денес има удел од 2%.

Во последниве години, „HTC“ тесно соработуваше со „Google“ и на таблетите на компанијата и на развојот на „Google Pixel“ и „Pixel XL“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП