4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали чоколадото на запад е поблаго од чоколадото кај нас?

Дали чоколадото на запад е поблаго од чоколадото кај нас?

Повеќе не е тајна дека истите производи за источно-европскиот пазар се со понизок квалитет од оние на западно европскиот пазар. Ова беше потврдено со најновата компаративна анализа направена во Хрватска. 

Дека туѓото е послатко, беше потврдено на примерот со чоколадо и уште 25 прехранбени и хемиски производи. Половина од производите купени во Хрватска се со понизок квалитет од истите производи купени во Германија, според резултатите од компаративната анализа.

“Не се работи за тоа дали нашиот крем се подмачкува полесно или потешко, дали наполитанките се покрцкави или не, туку се работи за еднаквост, за тоа дека некој не третира за граѓани од втор ред, што е катастрофално”, рече  хрватскиот претставник во Европскиот парламент, Билјана Борзан.

И одговорот на корпорациите е секогаш ист: Потрошувачите барале таква стока. Дури и ако тоа е храна за бебиња.

“Во детските HIP кашички за хрватскиот пазар има помалку зеленчук и помалку омега три масни киселини, кои се важни за развојот на детето. Во “Вуди” виршлите за германскиот пазар има 62 проценти мисиркино месо и пилешко масти, а за хрватскиот пазар генерално нема месо”, рече Борозан .

“Нема да бидеме канта за ѓубре на Европа” – и порача словачкиот премиер Роберт Фицо на Европската Унија.

“Ако се потпираме на студиите кои ги правеле другите земји во регионот и земјите членки на ЕУ, можеме слободно да кажеме дека на нашиот пазар се наоѓаат производи со различен квалитет во однос на, да речеме Германија, земја со потврден стандард и квалитет. За жал, во моментов не можеме да го оправдаме тоа со истражување за кое би стоеле “, се вели во изјавата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП