5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев го претстави Планот за економски раст пред меѓународната заедница

Анѓушев го претстави Планот за економски раст пред меѓународната заедница

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на јавна трибина во Владата го презентираше Планот за економски раст, односно сетот економски мерки пред претставниците од странските амбасади и меѓународните финансиски институции.

„Планот за економски раст е резултат на сеопфатни анализи. Во него се имплементирани препораки од документите на Светската банка, Виенскиот институт за меѓународни односи, Македонската академија на науки и уметности, но и барањата од стопанските комори и бизнис-секторот “, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Вицепремиерот истакна дека со имплементација на предложените мерки очекува големи ефекти во економијата, кои би се рефлектирале преку пораст на странски и домашни инвестиции, нови работни места, поголема ефикасност, продуктивност и конкурентност на компаниите, зголемување на извозот, што ќе придонесе до повисок бруто-домашен производ, зголемени плати и подобрување на материјалната благосостојба на граѓаните.

Вицепремиерот пред присутните детално ги презенираше и ги образложи сите мерки од Планот за економски раст, но посочи дека Владата е отворена за конструктивни предлози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП