12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на French Connection продолжува да опаѓа

Профитот на French Connection продолжува да опаѓа

Британскиот трговец на облека на мало „French Connection“ забележа пад на добивката за првото полугодие е резултат од затворањето на дел од своите продавници, соопштува „Ројтерс“.

Сопственикот на брендовите „Toast“, „French Connection“ и „Great Plains“ доживува тешкотии со битката со конкурентите како „ASOS“, „Forever 21“ и „Zara“ на „Inditex“. Компанијата затвори голем број на продавници и вработува нови вработени во менаџментот и дизајнот, обидувајќи се да се врати кон профит.

Во март инвеститорот „Gatemore Capital“ ја повика компанија да се подели на неколку компании, или да го одвои брендот „Toast“. „Gatemore“ го продаде целиот свој удел во јули, велејќи дека не е задоволен од темпото на промена на 45-годишната компанија.

„Sports Direct International“ на британскиот милијардер Мајк Ешли пак купи удел од 11,2% во „French Connection“ во февруари, претворајќи се во вториот по големина акционер. Сепак, намерите на „Sports Direct“ не се јасни.

„French Connection“ изјави дека бруто добивката за првите шест месеци до 31-ви јули опадна до 31,1 милиони фунти од 38,1 милиони фунти пред една година.

Приходите изнесуваа 68,1 милиони фунти наспроти 69,2 милиони фунти за истиот период од претходната година.

„French Connection“, која има над 409 продавници, изјави дека затворила седум во последните 12 месеци, намалувајќи го трговскиот простор со 10,2%.

Приходите од трговијата на големо, сепак се зголеми за 7,2% до 29,6 милиони фунти, а бизнисите се враќаат кон раст во Велика Британија, Европа и Северна Америка.

За да се зголеми профитабилноста, компанијата соопшти дека внимателно ќе ги избере локациите за своите нови продавници.

Тековната позиција на „French Connection“ на берзите е доста под врвните денови во 2004-та година, кога огромниот успех на брендот „FCUK“ ја зголеми цената на нејзината акција до над 500 пени. Оттогаш наваму, сепак нивната цена се распадна, а по веста денеска поевтинија со уште 2,3% до 43,3 пени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП