25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали "Google" е заинтересиран да инвестира во Македонија?

Дали “Google” е заинтересиран да инвестира во Македонија?

“Jigsaw”, или порано “Google Ideas”, е технолошки инкубатор создаден од Google, а сега функционира како подружница на Alphabet Inc. Со седиште во Њујорк, “Jigsaw” е посветен на разбирање на глобалните предизвици и примена на технолошки решенија, од борба против екстремизмот, онлајн цензура и сајбер-напади, до заштита на пристапот до информации. Џаред Коен, поранешен член на Комитетот за планирање на политиката во американскиот Стејт департмент, е основач и главен извршен директор на “Jigsaw” и беше поранешен основач и директор на “Google Ideas”.

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Џерад Коен каде ги претстави условите за инвестирање во Македонија.

“Со политиките на новата Влада, ја отворивме Македонија за светот како и за младите и креативни луѓе кои сакаат да придонесат за економскиот развој на државата, но и ја гледаат нивната иднина во својата земја. Преку бизнис инкубаторите и старт ап центрите, фокусирани сме, како Влада, на поддршка на компании и поединци со иновативни идеи. Заинтересирани сме да ги поддржиме и добрите иницијативи во ИТ секторот и технологијата”, изјави Заев.

На средбата, претставници на Google Jigsaw што го придружуваа високиот претставник на компанијата, Џерад Коен, соопштија оценка од нивната скорешна посета на Македонија, дека земјата има млади креативни луѓе кои би можеле да придонесат во иновативниот, технолошкиот, ИТ сектор. На состанокот се разговараше за идеи за соработка во Република Македонија. Поставена е основа за развивање на соработката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП