25 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault-Nissan го промени своето име

Renault-Nissan го промени своето име

Француско-јапонската асоцијација „Renault-Nissan“ сега се вика „Renault-Nissan-Mitsubishi“. Ова го изјави генералниот директор Карлос Гон на презентацијата на новата стратегија на групата, која се однесува за следните 6 години.

Името на компанијата „Mitsubishi Motors“ (MMC), од која Алијансата купи 34 отсто во текот на минатата година, сега е вклучено во официјално именување. И логото на „Renault-Nissan“ од две жолто-црвени линии е трансформирано во геометриска фигура со три краци.

Самата структура на концернот не се менува. „Mitsubishi“ останува подреден на „Nissan“, кој е во група со „Renault“ со удел – 50%/50%. Компанијата одговорна за операциите на Алијансата и е регистрирана во Амстердам, легално го задржува своето име „Renault-Nissan B.V“.

Карлос Гон откри кои се планови на групата, која во првата половина од 2017-та година за зазема лидерската позиција според продадени возила со 5,27 милиони единици. Целта е дека во 2020-та година обемот на продажба ќе достигне 14 милиони автомобили годишно, од кои приходите ќе бидат 240 милијарди долари. За споредба, приходите во 2016-та година изнесува 180 милијарди долари.

За таа цел, Алијансата ќе претстави 40 нови модели, од кои 12 ќе бидат целосно електрични и целосно автономни. Благодарение на воведувањето на заедничка архитектура на електрични возила и платформа со средна големина, бројот на автомобили со комодуларни шасии ќе се зголеми од 2 милиони на 9 милиони.

Во 2020-та година, „Mitsubishi“, исто така, ќе добие пристап до модуларните платформи на Алијансата, со што ќе се овозможи заштеда од 11,9 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП