3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Genesis“ го претстави конкурентот на BMW Series 3 и Mercedes-Benz C-Class (фото+видео)

„Genesis“ го претстави конкурентот на BMW Series 3 и Mercedes-Benz C-Class (фото+видео)

Компанијата „Hyundai“ ја претпочитаа домашната средина, а не шоуто во Франкфурт за да ја претстави третата моделска серија на „Genesis“. Тое е седанот „G70“ кој ќе излезе на пазарот како директен конкурент на „BMW Series 3“ и „Mercedes-Benz C-Class“.

Дизајнот на автомобилот со четири врати е во стилот на „New York Concept“, кој имаше деби во пролетта 2016-та година. Серискиот модел е изграден на платформата која се користи за „Kia Stinger“. Должината на „G70“ е 4685 мм, ширината е од 1180 мм, височината е 1400 мм и растојанието помеѓу двете оски е 2835 мм.

Како и „Kia Stinger“, новиот модел на „Genesis“ е достапен со три турбо мотори. Два бензиниски – 2.0-литарски со 225 или 255 КС и V6 со волумен од 3,3 литри кој развиваа 370 КС. Дизелот е првиот во опсегот на „Genesis“, и е 2.0-литарски со 202 КС. Сите мотори се поврзани со 8-брзински автоматски менувач и погонот е на задните тркала или на двете оски.

Врвниот 3,0-литарски мотор забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди, што е 0,2 секунди побрзо од „Kia Stinger“. Максималната брзина на „Genesis G70“ со овој мотор е 270 км/ч. Техничките карактеристики на другите два мотори не се објавени.

Листата на опрема вклучува 9 воздушни перничиња, кожни седишта „Nappa“, функцијата „Launch Conrtol“, систем за мониторинг на мртвата зона, мултимедијален комплекс со 8-инчен екран осетлив на допир и гласовна контрола, „Lexicon“ аудио систем. Седанот исто така добил „активен капак“ кој се крева малку во судир со пешак и на тој начин го намалува ризикот од повреди.

Во Кореја, нарачките за „Genesis G70“ веќе се прифаќаат, со цени од 37.500.000 вона (27.870 евра). Продажбата започнува на 20-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП