4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот на криптовалути се „распадна“ за 40%

Пазарот на криптовалути се „распадна“ за 40%

Пазарот на криптовалути се „распадна“ во последната недела, губејќи 40% од вкупната пазарна капитализација.

Значи вкупната вредност на сите над 800 виртуелни валути кои јавно се тргуваат падна до 108 милијарди долари, според податоците на „CoinMarketCap“.

За споредба во почетокот на овој месец, вкупната пазарна капитализација достигна вредност од 180 милијарди долари.

Најсериозен придонес за ситуацијата има цената на биткоинот која драстично оди надолу и веќе се доближува до границата од 3.000 долари. Денес најпопуларната криптовалутата се продава по цена од 3.070.59 долари, што е за 40% пониска вредност спрема нивото од почетокот на овој месец, кога биткоинот ја мина психолошката граница од 5.000 долари, покажуваат податоците на „CoinDesk“. Така пазарната капитализација на биткоинот падна до околу 50 милијарди долари.

Освен биткоинот, речиси сите виртуелни валути се тргуваа со забележано нагло поевтинување.

Етер на Етериум поевтини за 18.99% само за 24 часа, пад до 216 долари, „XRP“ на „Ripple“ загуби 19.86% за ден до 0.169 долари, Биткоин Кеш се намали со 21.22% за периодот до 371.70 долари, а Лајткоинот забележа пад од 28.98% за последното деноноќие. Двоцифрени падови генерално го опфатија целиот пазар.

Причина за падот може да се бара во настаните во Кина. Прво властите во земјата забранија процедурите за прибирање на средства преку јавна понуда на дигитални средства (ICO), а веќе неколку дена напорно се зборува дека владата целосно ќе ја забрани трговијата со криптовалути. Најстарата онлајн берза во Кина, „BTCC“ соопшти дека го ограничува засега отворањето на нови сметки, а корисниците кои веќе имаат сметка во берзата, ќе можат да продолжат со трговијата.

Паралелно со лошите сигнали од Кина, каде што се наоѓаат и сериозен дел од „рударите“ кои се поддршка на блокчејн инфраструктурата, последниот месец донесе голем број негативни ставови за виртуелните валути.

Најголемо влијание дојде од шефот на „JPMorgan“, Џејми Дим кој директно го објави биткоинот за измама.

Генералното мислење е дека криптовалутите се „балон“ кој неизбежно ќе пукне, станаа преголемо. Тоа сепак не важи за блокчејн технологијата која добива се повеќе приврзаници и има потенцијал да стане сериозен дел од современите финансиски институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП