24 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа 4-ти октомври Google ќе ги претстави новите Pixel телефони

На 4-ти октомври Google ќе ги претстави новите Pixel телефони

„Pixel 2“ и „Pixel 2 XL“ треба да бидат новите модели од „Google“, наследници на првата генерација по промената на политиката на компанијата со популарните „Nexus“ уреди. Првите „Pixel“ телефони го имаа очекуваниот успех, па сега фановите чекаат да видат дали „Google“ ќе понуди нешто доволно добро за да им конкурира на „Samsung“ и „Apple“ кои целосно отидоа во правецот на големи уреди со многу мала рамка на екраните.

Гласините говореа дека „Google“ ќе го одржи својот „Pixel“ настан на 5-ти октомври и тоа се покажа прилично точно. Од компанијата официјално го закажаа настанот за ден порано, односно за 4-ти октомври.

Како што е обично редот, скоро ништо не е објавено во најавата, освен неколку мали „хинтови“ кои треба да ни кажат во кој правец да размислуваме кога се во прашање новите уреди.

Инаку, од тоа што можеше да се прочита, од неофицијалните информации, се очекува новите уреди да ги имаат најновите компоненти достапни во моментот, односно Snapdragon 835 или 836, 4GB RAM меморија, како и 128GB меморија за складирање на податоци.

Во видео објавено од страна на „Google“ кое го најавува настанот можеме да видиме дека со новите телефони тие ќе се сконцентрираат на подобро траење на батеријата, поголем простор за складирање, како и можностите на „Google Assistant“.

Покрај тоа, најавите говорат дека основниот „Pixel 2“ уред нема да биде многу различен од претходникот, освен се разбира поновите компоненти.

„Pixel 2 XL“ ќе биде уредот којшто ќе треба да го привлече главното внимание. За него се очекува да ја следи конкуренцијата со мала рамка на екранот, а исто така се најавува и негово контролирање со притискање на страните како што е случајот со „HTC U11“.

Како и да е, сигурни сме дека „Google“ нема да дозволи да претстави неинтересни и неконкурентни уреди, а посебно после претставувањето на сите овие нови уреди од конкурентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП