6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Porsche Cayenne станува купе

Новиот Porsche Cayenne станува купе


Третата генерација на „Porsche Cayenne“ во блиска иднина исто така ќе добие купе верзија. Ова им беше откриено на новинарите од страна на шефот на германскиот производител, Оливер Блум на саемот во Франкфурт.

Во моментов, менаџментот на компанијата активно дискутира за лансирањето на таков автомобил, со што наскоро ќе се донесе конечна одлука. Ако проектот добие „зелено светло“, новиот автомобил ќе се натпреварува со „Mercedes-Benz GLE Coupe“ и „BMW X6“.

„Ние постојано ги анализираме различните пазарни сегменти и убеден сум дека таквата верзија ќе се реализира во блиска иднина. Сепак, сé уште нема дефинитивно решение за ова прашање, бидејќи треба да се разговара со нашите клиенти“, објасни Блум.

Според неофицијални податоци, автомобилот ќе ја добие втора генерација на мотори на „Panamera“. Ова значи дека ќе биде опремен со 2,9-литарски V6 мотор со 2 турбини, кој развива 440 КС и 550 Nm. Исто така, ќе има 4,0-литарска V8 4.0-литарска верзија која нуди 550 КС и 770 Nm. Исто така, не е исклучена хибридната модификација на крос-купето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП