29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамсунг, Дајмлер и Роман Абрамович инвестираат во брзо полнечки батерии

Самсунг, Дајмлер и Роман Абрамович инвестираат во брзо полнечки батерии

Израелската компанија “StoreDot”,  се занимава со решенија за брзо полнење. Нивната технологија е базирана на органски батерии кои во иднина треба да ги заменат литиум-јонските, а чие полнење е исклучително брзо.

Новиот тип на батерија, “FlashBattery”, треба да овозможи полнење на електрични возила за само пет минути и мобилни уреди за помалку од една минута. По пет минути полнење, електричен автомобил со ова решение би имал автономија до 500 километри, велат израелците од “StoreDot”.

За да не остане на зборови, овој тим, исто така, се грижеше за собирање повеќе капитал за да продолжи да работи на развојот на својата технологија. Во последната рунда на финансирање, тие обезбедија 60 милиони долари од неколку инвеститори. Меѓу најистакнатите имиња се Дајмлер, Самсунг и рускиот тајкун и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи од Лондон, Роман Абрамович.

Најголемиот дел од овие пари ќе се користат за развој на батерии за електрични автомобили, а Дајмлер треба да биде првиот производител кој ќе инсталира “FlashBattery” во своите лични и комерцијални возила.

Ако сè оди според планираното, “StoreDot” треба да ги објави своите први батерии за мобилни следната година, а после тоа следуваат поголеми верзии кои би можеле да бидат вградени во возилата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП