19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманско-кинеска компанија оживеа легендарен модел

Германско-кинеска компанија оживеа легендарен модел

Германскиот производител на автомобили „Borgward“ се врати на големата сцена во 2015-та благодарение на сериозните кинески инвестиции. Компанијата ги затвори вратите во 1961-ва година и остана во историјата, како креатор на некои од најелегантите и најубавите европски модели.

Минатата година, „Borgward“ го лансираше „BX7 SUV“ во Кина, а претходно оваа година се појави и компактен кросовер „BX5“. Заживувањето на брендот во Кина се покажа како успешен, а сега во „Borgward“, чие седиште е во Штутгарт, планираат да се вратат на европскиот пазар. Концептуалната „Isabella“ прикажана во Франкфурт е дел од овие планови.

Нејзините творци ја дефинираат како „современа интерпретација на прекрасната легенда на „Borgward Isabella“ од 50-тите години“. Факт е дека дизајнот на концептот е на целосно електричен погон и е под влијание на оригиналниот дизајн, но сè уште не постои индикација дали „Borgward“ ќе одлучи да се врати во Европа со стандардната верзија на оваа 2 + 2 кабина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП