14 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзиот автомобил во светот - Aspark го претстави електричниот Owl (фото+видео)

Најбрзиот автомобил во светот – Aspark го претстави електричниот Owl (фото+видео)

Пред неколку дена јапонската компанија „Aspark“ објави дека развива електричен модел кој ја заслужува титулата „најбрз автомобил во светот“. Премиерата на овој модел се одржа за време на саемот во Франкфурт.

Пред новинарите шефот на „Apsark“ – Масамичи Јошида, откри како стигнал до идејата за правење на ваква машина. Тој рече дека со години размислувал за можноста да му даде на човештвото нешто посебно. Јапонецот размислувал евентуално за производство на авиони, роботи и земјоделска опрема, но на крајот се осврнал на автомобилите, кои треба да бидат еколошки и многу брзи.

По консулатации со различни експерти од целиот свет, Јошида бил убеден дека не треба да се натпреварува со светските гиганти во автомобилската индустрија, чии автомобили развиваат 400 км/ч, туку да се обложи на забрзувањето од 0 до 100 км/ч. На крајот на краиштата, ова е резултатот на „Owl“ – електричен супер-автомобил со лесна шасија.

Техничките детали за моделот не се објавени, но се претпоставува дека електричната единица развива моќ од 1000 КС. Во официјалното соопштение се наведува забрзување од 0 до 100 км/ч за 2 секунди, што го прави „Aspark Owl“ во најбрз автомобил на планетата.

Познато е дека тежината на автомобилот е 850 кг., како и дека за разлика од повеќето електрични, кој се потпираат на акумулатори, ова јапонско чудо е со кондензатори. Максималната брзина на „Owl“ не се зема во предвид, но цената е околу 3,5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП