19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКатарскиот инвестициски фонд ги продаде акциите на Tiffany

Катарскиот инвестициски фонд ги продаде акциите на Tiffany

Државниот инвестициски фонд во Катар продаде 417 милиони долари од акциите во „Tiffany“, откако конфликтот меѓу царството богато со гас и соседните земји надмина 100 дена, објави „Bloomberg“.

„Qatar Investment Authority“ има продадено 4,4 милиони акции во пакет преку „Morgan Stanley“, според изјавата дадена од „Bloomberg“ на американската банка во име на продавачот. Фондот сé уште има 9,5 отсто од акциите по продажбата преку нејзината подружница „Qatar Holding“, се вели во соопштението. Акциите беа понудени по цена помеѓу 94,4 и 94,75 долари по акција, соопшти познат извор.

Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските и транспортните врски со Катар на 5-ти јуни, обвинувајќи ја земјата за поддршка на сунитски екстремистички групи и иранските терористи. Катар ги отфрли обвиненијата. Спорот ги поставува сојузниците на Соединетите Американски Држави едни против други во битка за политичка надмоќ во регионот што контролира една петтина од глобалните резерви на нафта.

Државниот фонд на Катар вложи речиси 40 милијарди долари од вкупните резерви од 340 милијарди долари за поддршка на економијата и финансискиот систем во првите два месеци од кризата, објави вчера „Moody’s Investors Service“. Кризата, исто така, доведе до бегство од капитал од катарските банки во јуни и јули во износ од околу 30 милијарди долари, вели „Moody’s“.

Во август, фондот го намали својот директен удел во „Credit Suisse Group“ на 4,94% во една од ретките продажби на швајцарските акции. Минатата недела, тој го продаде скоро целиот свој удел на „Роснефт“, кој го купи во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП