17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот приватен акционерски капитал во Европа се насочува кон Блискиот Исток

Најголемиот приватен акционерски капитал во Европа се насочува кон Блискиот Исток

„CVC Capital Partners“, најголемиот европски фонд за капитал, ја разгледува својата прва инвестиција на Блискиот Исток поради нејзините планови за ширење, објави „Bloomberg“, цитирајќи запознаени анонимни извори.

Компанијата со седиште во Лондон веќе посочи неколку цели во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„CVC“ е исто така една од компаниите кои размислуваат за купување на удел во градежната компанија „Emaar Properties“, изјавија извори за новинската агенција.

„CVC“ е веќе во напредна фаза на преговори за некои од планираните инвестиции во регионот. Досега, компанијата одбива да даде коментар.

Компанијата е привлечена од Блискиот Исток поради растечката и помладата популација, како и големиот пад на цените на нафтата што има големо влијание врз економиите во регионот.

Во текот на изминатите 12 месеци, странските купувачи на различни средства во Блискиот Исток се засили. Во текот на овој период, тие инвестираа 28,5 милијарди долари, што е за 26% на годишна основа, според податоците на „Bloomberg“.

Во еден договор, „Amazon.com“, на пример, го купи трговецот со седиште во Дубаи, „Souq.com“ со што очекува раст во е-трговијата во регионот.

Компаниите за капитал истражуваат нови можности откако остварија рекордни инвестиции. На пример, „CVC“ во јуни собра 16 милијарди евра, што досега е нејзиниот најголем фонд.

Претходните средства на компанијата беа инвестирани во Формула 1 и швајцарскиот производител на часовници „Breitling AG“.

Компанијата има за цел инвестирање во Европа од минимум 150 милиони долари и Азија со минимум 50 милиони долари. Таа има различни средства во САД, Шведска, Исланд и Малезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП