16 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube активираше опција која сите долго ја чекаа

YouTube активираше опција која сите долго ја чекаа

Според странските „IT“ медиуми, корисниците на „YouTube“ на апликациите за „Android“ и „iOS“  најмногу ја бараа опцијата која „Google“ штотуку им ја овозможи – избор на брзината на репродукција на видеата.

Oва опција е на десктоп, односно интернет страната „YouTube“ достапна со години, а од 10-ти септември се појави и за корисниците на „YouTube“ апликацијата за споменатите платформи.

Интервалот во кој ќе може да се забави, односно да се забрза репродукциајта на снимката е од 0.25x дo 2x, a овозможената опција ќе им биде достапна на сите „iOS“ корисници и корисниците „Android 5.0“ оперативниот систем и поновите верзии.

„Со текот на забрзувањето и забавувањето на репродукцијата се порамнугаат бројот на сликички во слад со звукот на видеото. Видео сликичките не се нужно подредени хронолошки, со цел видеото остане синхронизирано со звукот, видео дектодерот мора да работи побрзо во рамките во кој сликите од видеата се прилагодуваат“, објасни „Google“ на својот блог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП