4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел бара од ФИФА и УЕФА да воведат прописи за трансферите

Меркел бара од ФИФА и УЕФА да воведат прописи за трансферите

Германската канцеларка Ангела Меркел ги критикуваше огромните средства исплатени за фудбалски трансфери за време на летниот преоден рок и додаде дека ја поддржува идејата меѓународните тела да воведат построги правила.

„На финансискиот развој на случувањата во професионалниот фудбал гледам со еднаков критички став како и многумина други. Таквите суми се неприфатливи за обичните смртници“, изјавила Меркел за весникот Mittelbayerische Zeitung.

Според нејзините зборови, Светската и Европската фудбалска федерација ФИФА и УЕФА треба повторно да ги прилагодат прописите околу трансферите, за да се обезбеди поголема спортска рамнотежа меѓу клубовите или во спротивно постои ризик сумите да раснат се повеќе и повеќе.

Бразилецот Нејмар за рекорден трансфер од 222 милиони евра премина од Барселона во Пари Сен Жермен, а Барселона од Борусија од Дортмунд за трансфер на Осман Дембеле платила 105 милиони евра, со можен бонус од 42 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП