23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСреќен 70-ти роденден Ferrari! (видео)

Среќен 70-ти роденден Ferrari! (видео)

Италијанската компанија „Ферари“ прославува 70 години. За роденденот е предвидена тридневна прослава. Првиот настан ќе биде организиран во Милано каде денеска ќе бидат изложени 500 возила, потоа во Модена и најпосле во Маранелo, родното место на Ферари.

Приказната за Ферари почнала во 1929 година, кога познатиот симбол на коњ под италијанското знаме првпат се појави на тркачки автомобил „алфа ромео“. Еден од возачите бил извесен Енцо Ферари.

Дури после војната, во 1947 година, првиот модел „ферари 125 с“ излезе од фабриката во Маринело. Овој модел на себе го имаше симболот кој стана заштитен знак на Ферари, црн коњ во чест на Франческа Баракa, италијански пилот од Првата светска војна.

Енцо Ферари подоцна раскажал дека мајката на Баракa, кој загинал во 1918 година, му рекол на автомобилот да го стави коњот на нејзиниот син затоа што ќе му донесе среќа.

Жолтата позадина е симбол на родното место на Ферари, Маранело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП