Премиерата на концептуалната верзија на новиот теренец предводник на „BMW“ – „X7“, ќе се одржи утре, 8-ми септември, но слики од теренецот се појавија во интернет-просторот. Тие беа објавени од страна на „Bimmerpost“.
Овој прототип кој за прв пат ќе биде прикажан пред публика на автосаемот во Франкфурт, добил огромни „ноздри“, големи гуми и тесни предни и задни светла. Премногу веројатно е сепак, сериската верзија на теренецот да биде променета, уште повеќе што посетителите на форумот на „Bimmerpost“ жестоко го критикува изгледот на возилото.
Информации за возилото недостасуваат, но се тврди дека концепт прототипот ќе добие хибриден моќен агрегат, на кој се потпира седанот „BMW 740e iPerformance“. Тој вклучува 4-цилиндричен бензински мотор и електричен мотор со вкупна моќност од 326 КС, со комбинирана потрошувачка на гориво од 2.1 l / 100 km.
Што се однесува до серискиот теренец, се очекува тој да биде опремен со 3.0-литарски бензински V6, кој развива 340 КС, како и со 4,4-литарски, исто бензински V8 со 445 КС. Исто така, ќе има дизелски модификации.
Производството на новиот баварски предводник на пазарот е планирано за 2018-та година. Главни конкуренти на „BMW X7“ ќе бидат „Mercedes-Benz GLS“ и „Range Rover“.