18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеволуција во светот на недвижнините: Продажба на станови во биткоини

Револуција во светот на недвижнините: Продажба на станови во биткоини

Мишел Мон, тајкун или т.н. кралицата на долната облека, направи целосна револуција во светот на недвижнините каде што ја огласи својата куќа во Дубаи за продажба … во биткоини.

Ова е првата недвижнина што ќе се купи со виртуелни пари. Мишел, која стана милионер со основањето на брендот Ultimo, сега, во договор со момчето, Даг Барумен, одлучи да продаде имот во вредност од 250 милиони долари во Дубаи, кој вклучува дваесет и четири продавници и голем трговски центар.

Првите 150 станови во комплексот ќе бидат огласени за продажба и ќе можат да се плаќаат исклучиво во биткоини. Клиентите ќе можат да го уредуваат својот нов дом користејќи ги услугите на дизајнерската компанија која е во сопственост на Мишел Мон, и тие тоа ќе може да го плаќаат со криптовалутата.

Цената на становите во комплексот се движи од 30 биткоини, или околу 133 илјади долари, па се до 85 биткоини.

“Јас некое време инвестирам во криптовалути, ова не е ништо ново. Ние нудиме шанса на луѓето кои направија значаен потег, да инвестираат во недвижнини “, заклучи таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП