29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците се најзадоволна нација во Европа

Германците се најзадоволна нација во Европа

Германците се најзадоволниот народ во Европската унија – процентот на германски граѓани кои се задоволни од насоката во која се движи земјата е повисока од другите нации.

Анкетата на фондацијата “Bertelsman” покажува дека 59 отсто од Германците веруваат дека нивната земја се движи во вистинската насока. Околу 77 отсто од испитаниците истакнуваат дека нивната лична економска ситуација е подобрена или останала иста во последните две години, а 80 отсто се опишале како гласачи на политичкиот центар.

Италијанците се најмалку задоволни. Само 13 отсто од испитаниците веруваат во насоката на движење на нивната земја. Во Франција и Обединетото Кралство, 36% и 31% се задоволни, додека во цела ЕУ,  задоволни се 36%.

Меѓу големите европски земји, Франција е политички најполаризирана – 51 отсто се анкетирани за политичкиот центар, 24 проценти се левичари или екстремни левичари, додека 25 проценти се опишуваат како десничари или екстремни десничари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП