21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi ќе претстави нов телефон еден ден пред дебито на следниот iPhone

Xiaomi ќе претстави нов телефон еден ден пред дебито на следниот iPhone

Смартфонот „Mi Mix“, кој „Xiaomi“ го пушти на пазарот во октомври минатата година, привлече големо внимание. Сега кинескиот производител на смартфони е оптимист за новата верзија на уредот, која планира да ја претстави во Пекинг само ден пред „Apple“ да го покаже новиот „iPhone“, пишува „TechCrunch“.

Ова е совршен момент за „Xiaomi“. Нејзиниот најнов уред беше хит, а таа имаа големи очекувања за следниот „iPhone“.

Сите погледи се вперени во „Apple“, кој треба да пушти паметен телефон кој ќе се разликува од последните генерации, за да може да се промовира брендот, како и да се даде поттик на продажбата во Кина. Од она што го слушнавме досега од гласините, новиот „iPhone“ изгледа ќе има неколку радикални промени. Но со претставување на својот нов смартфон ден порано, „Xiaomi“ ќе ужива во центарот на вниманието 24 часа, поставувајќи основа за директна споредба помеѓу двата уреди.

„Mi Mix“ беше хит меѓу фановите на „Xiaomi“ благодарение на дизајнот. Во времето во кое се појави, тоа беше сериозен пробив, но сега сличен тип екрани, пополнувајќи го целиот преден панел, се „жешка“ тема на пазарот на паметни телефони за 2017-та година. „LG“ и „Samsung“ веќе пуштија слични уреди. Во исто време, постои голема претпазливост за новиот модел на „Xiaomi“.

Гласините покажуваат дека рамката во предниот дел на телефонот ќе биде уште помала, со чип „Snapdragon 836“ и оперативен систем „Android 8.0 Oreo“.

Засега „Xiaomi“ не коментира многу во врска со оваа тема, за да не пропадне изненадувањето на настанот.

2017-та беше многу подобра година за компанијата, откако таа се бореше да го задржи растот од нејзините рани денови во изминатите две години.

Главниот извршен директор на „Xiaomi“, Леи Жин коментира дека компанијата е растела премногу брзо, ако се суди според резултатите за 2016-та година, но оваа година конечно го нашла својот ритам со импресивен раст на продажбата и насочување кон меѓународната експанзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП