4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Групација со профит повисок за 70% во однос на првата половина...

НЛБ Групација со профит повисок за 70% во однос на првата половина од 2016

НЛБ Групацијата во првите шест месеци од оваа година направи профит од 117,9 милиони евра, што е за 48,4 милиони евра или 70% повеќе отколку во истиот период минатата година.

“Солидна основа на која што оваа банката гради одржлива и профитабилна иднина се јасната визија, добро финансиско работење и солидна капитална основа. Задоволни сме што врз таа основа НЛБ одржува стратешки фокус на суштината на своето работење -своите клиенти. Постојано се залага за подобрување и обезбедување на услуги од највисок квалитет за клиентите, да придонесе за нејзиниот напредок во процесот на дигитализација и модернизација на услугите. Ако задоволството на клиентите е вашата главна мотивација, успехот нема да изостане “, вели Примож Карпе, претседател на Надзорниот одбор на  NLB по повод објавување на полугодишните резултати.

За добрите резултати на НЛБ Групацијата придонесеа сите банки- членки на пазарите надвор од Словенија, со вкупна добивка од 58,8 милиони евра, што е за 71% повеќе во однос на истиот период минатата година(34,3 милиони евра во првата половина на 2016 година).

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП