3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕЛЕМ: Компанијата нема да биде продадена од новото раководство

ЕЛЕМ: Компанијата нема да биде продадена од новото раководство

Менаџментот на АД ЕЛЕМ информира дека во ниту еден момент не размислува за продавање на компанијата.

Како реакција на информациите што се појавија во јавноста дека компанијата ќе оди на продажба, од ЕЛЕМ велат дека новото раководство работи единствено во правец компанијата повторно да биде столб на енергетската и економската стабилност и независност на Македонија. Досегашниот увид кој е направен, велат од таму, покажува дека во изминатите 11 години во компанијата се работело во спротивен правец, односно на ослабување на ЕЛЕМ и на целиот енергетски сектор.

Во врска со посебниот владин советник за економија и контакти со земјите од регионот, Александар Обрадовиќ, од ЕЛЕМ информираат дека Обрадовиќ е должен да им ги даде своите услуги на сите државни субјекти што имаат потреба од одредена експертиза за која конкретниот советник е ангажиран во владата.

„АД ЕЛЕМ се обрати до советникот Обрадовиќ за мислење за идни развојни проекти на компанијата, особено во делот на стратегии за обновливи извори на енергија“, велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП