23 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗPorsche ветува масовна верзија на 911 R

Porsche ветува масовна верзија на 911 R

Дали се сеќавате на „Porsche 911 R“? Всушност, едвај да го заборавивте. Едноставно нема начин. „911 R“ ги израдува најверните фанови на брендот на саемот во Женева во минатата година, најмногу затоа што излезе на пазарот со атмосферски мотор и мануелен менувач.

Лошата вест беше дека производствената серија на оваа верзија беше едвај 991 примероци, што доведе до вистинска ценовна војна меѓу колекционерите на ретки модели на „Porsche“. При стартна цена од 184.900 долари во САД, наскоро на секундарниот пазар се појави автомобил оценет за 1,25 милиони долари, а еден од првите купувачи на „911 R“ во Норвешка го објави својот автомобил за 770.000 долари.

Целата оваа хистерија не останала незабележана од шефовите на „Porsche“ и компанијата навести дека наскоро на виделина ќе се појави слична верзија на „911 R“ на најпопуларниот модел на брендот. Но, тука не станува збор за специјална серија, па обемот на производството ќе биде многу поголем.

Информацијата беше потврдена од шефот за истражување и развој во „Porsche“, Михаел Штајнер, кој зборува на претставувањето на новиот „Porsche Cayenne“. Се уште не е јасно дали новата варијанта на „911“ ќе биде базирана на актуелниот модел или пак на следната генерација на возилото, со ознаката „992“, кој треба да се појави кон крајот на оваа деценија. Но, уште поважно, „911 R“ ќе има подостапен, но речиси возбудлив придружник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП