8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот станува се појак

Биткоинот станува се појак

Дигиталната валута “Биткоин” за прв пат го надмина нивото од 5.000 долари, вели “Коиндеск”. Според индексот на цените, на крајот од минатата недела биткоинот се тргуваше со рекордни 5.103,9 долари.

Така, вкупната вредност на криптовалутите со кои се тргуваше на официјалните пазари, вклучувајќи ги и етереум, биткоин и биткоин кеш, надмина 176 милијарди долари.

Трговците, во меѓувреме почнаа да продаваат, па на почетокот на неделата вредноста на биткоинот падна за 12 отсто на 4,485 долари во споредба со рекордното ниво.

На почетокот на годината, вредноста на биткоинот беше помалку од 1.000 долари, а во јули некои аналитичари на пазарот се плашеа дека поради “војната” за неговата иднина, ќе се намали уште повеќе.

Сепак, се случи спротивното – вредноста се зголеми откако започна да се спроведува компромисен план и овозможи обработка на многу повеќе трансакции во минута.

Потоа, во август врз база на пописот на трансфери на биткоинот беше креирана нова виртуелна валута – биткоин кеш, и тоа создадена без никакви негативни последици за оригиналната дигитална валута.

И покрај новиот пад под 4.500 долари, Итан Јанкељевиќ, експерт за криптовалути во Шериданс- адвокатска фирма од Лондон, предвидува дека трендот на зајакнување на оваа дигитална валута ќе продолжи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП