Европската комисија даде денеска „зелено светло“ за кредит од 150 милиони евра, кој германската влада одлучи да го додели на банкротираната авиокомпанија „Air Berlin“, за да може да продолжи да ги извршува летовите, додека не најде купувачи, пренесоа светските агенции.
„Оваа мерка ќе овозможи координирана ликвидација на западнатата во неликвидност авиокомпанија, без да ги искривуваат бесправно правилата на конкуренцијата во рамките на заедничкиот пазар“, наведува комисијата во соопштението.
„Кредитот треба да му овозможи на „Air Berlin“ да продолжи со работа во следните месеци, додека завршат успешно преговорите за продажба на активите. По овој процес „Air Berlin“ ќе треба да ги престане своите активности и да се повлече од пазарот“, прецизира „ЕК“.
Втората по големина германска авиокомпанија ја започна постапката за стечај пред речиси три недели, откако нејзиниот главен акционер „Etihad Airways“ од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ја повлече финансиската поддршка.
Најголемата германска авиокомпанија „Lufthansa“ пројави интерес да купи голем дел од средствата на банкротираниот превозник. Британската нискотарифна компанија „easyJet“ и германскиот чартер превозник „Condor“ исто така се поврзани за потенцијалните инвеститори. Германскиот инвеститор во воздухопловството Ханс Рудолф Ворт веќе објави дека сака да ја купи целата компанија.
„Купувачот нема да е еден, туку двајца или тројца“, истакна во интервју за весникот. „Билд ам Зонтаг“ шефот на „Air Berlin“, Томас Винкелман.
„Air Berlin“ дава работа на 7.200 лица во Германија.