6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПромена на раководната функција во Novartis

Промена на раководната функција во Novartis

Главниот извршен директор на „Novartis“ Џозеф Хименез ќе ја напушти функцијата во почетокот на идната година и ќе биде заменет од страна на д-р Васант Нарасиман, соопшти денеска швајцарската фармацевтска компанија, цитирана од „Associated Press“.

Нарасиман, кој во моментов е главен медицински директор и глобален директор за развој на лекови, ќе стапи на должност на 1-ви февруари, посочуваат агенциите.

Хименез, шефот на „Novartis“ од 2010-та година, рече дека е време да се повлече од функцијата и дека неговото семејство е „подготвено да се врати во Силиконската долина и во САД“.

Нарасиман се приклучи на „Novartis“ во 2005-та година и раководеше со различни лидерски позиции во компанијата.

Во денешното соопштение „Novartis“ прецизира дека Хименез ќе остане „на располагање за совети и поддршка“ до официјалното повлекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП