2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУлтимативна реалност: Sharp има нов телевизор со 8K резолуција (видео)

Ултимативна реалност: Sharp има нов телевизор со 8K резолуција (видео)

„Aquos 8K TV“ e новото „чедо“ на компанијата „Sharp“, телевизор со дијагонала од 70 инчи (178 сантиметри). Резолуција на екран од 7.680х4.320 пиксели што е 16 пати повеќе од стандардниот „Full HD“ формат.

„Sharp“ својот нов производ го опиша како „конечна реалност со ултра-фини детали, кои ниту најострото око не може да ги забележи“ (што и не звучи како некој врвен рекламен слоган).

Тоа што познавачите го истакнутаат, е дека „8K“ екранот би бил многу покорисен како компјутерски монитор, и дека толкавата резолуција не игра многу голема улога кај телевизорите кои се гледаат од одредена одалеченост.

Телевизорот е компатибилен со „Dolby Vision HDR“ и „BDA-HDR“ уредите. Тоа што, меѓутоа, претставува најголем проблем е недостатокот или непостоењето на „8K HDR“ содржини кои на него би можеле да се репродуцираат со цел квалитет.

Јапонскиот јавен сервис, телевизијата „NHK“, започна минатата година да емитува сателтиска програма во „8K“ резолуција, а самиот „Sharp“ планира натамошен развој на уредите (камери,ресивери…) кои ќе нудат „8K“ поддршка.

Планирано е телевизорот до крајот на годината да се најде на пазарите во Јапонија и Кина, додека во почетокот на следната година ќе биде достапен во останатите делови на Азија и Европа.

Според јапонските медиуми, „Sharp Aquos 8K TV“ ќе се продава по цена од еден милиони јени, односно околу 9.000 долари.

Компанијата претходно најавуваше лансирање на „8К“ монитор со дијагонала на екранот од 85 инчи, кој би требало да чини повеќе од 100.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП