17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Utility Settlement Coin (USC)"-нова крипто-валута создадена од шесте најголеми светски банки

“Utility Settlement Coin (USC)”-нова крипто-валута создадена од шесте најголеми светски банки

Нова крипто-валута “Utility Settlement Coin (USC)” ќе биде создадена од страна на шесте најголеми светски банки кон крајот на 2018 година.

Зад новата USC крипто-валута ќе стојат следните банки: Barclays, Crédit Suisse, Canadian Imperial Bank of Commerce, HSBC, MUFG и State Street Corporation.

Ново создадената крипто-валута ќе се користи за трансакции во реално време. Во август 2017 година, швајцарската банка “UBS”, во соработка со “Clearmatics Technology”, создаде нова криптографска валута наречена USC. Веднаш потоа, BNZ Mellon, Deutsche Bank и Santander се приклучија на проектот. Целта е да се подобри ефикасноста на финансиските трансакции.

Проектот влезе во нова фаза со влегување во преговори со централните банки за да се создаде безбедна основа за новата крипто-валута.

“Водиме разговори со централните банки и регулаторите, за да можеме да ја пуштиме  на крајот на 2018 година”, рече Хајдер Џефри, одговорното лице за стратешки инвестиции во индустријата за финансиски услуги на UBS.

Благодарение на USC, финансиските трансакции ќе бидат забрзани, бидејќи нема да се користат класични патеки за трансфер на вредноста. USC ќе може да ги замени класичните пари во централните банки. Ова ќе ни овозможи да заштедиме време и пари, но и да се растерети човечкиот фактор.

Технологијата “блокчејн” не беше првично привлечена за банкарскиот сектор, меѓутоа, по подлабоки анализи, финансиските институции сфатија дека доцнат и дека оваа нова технологија дозволува многу повеќе од постојната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП