Штетата предизвикана од ураганот Харви во американската држава Тексас се проценува на 150-180 милијарди долари, изјави за „Ројтерс“, Грег Абот, гувернер на државата.
Агенцијата забележува дека оваа сума може да е над 20 пати поголема од средствата кои администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја бараше првично од Конгресот за справување со последиците од невремето.
„Географската област и населението, погодени од овој гаден ураган и поплавите, се далеку поголеми од оние кои настрадаа од ураганот Катрина во 2005-та, кога беа потребни над 120 милијарди долари“, рече Абот во интервју за „Fox News TV“.
Пред медиумите министерот за финансии Стивен Мнучин предупреди дека давањето помош на настраданите од Харви може да биде одложено, ако Конгресот не го зголеми брзо максимално дозволеното ниво на државниот долг на САД.
„Без да се подигне максимумот на долгот, јас не сум среќен што ќе му дадеме пари на Тексас овој месец за да се врати во нормала“, рече Мунчин.
Тоа ниво на долг ќе биде донесено до крајот на овој месец, ако Конгресот не го зголеми, рече „Ројтерс“.