3 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Два мобилни системи контролираат се

График на денот: Два мобилни системи контролираат се

Ако се вратиме во 2010-та година, ќе се сетиме дека пазарот на паметни телефони е прилично фрагментиран. „BlackBerry“ сè уште добро напредуваше, оперативниот систем „Symbian“ беше присутен на милиони телефони на „Nokia“, а „Samsung“ сè уште експериментираше со својот сопствен „Bada“ оперативен систем.

За развивачите на апликации и издавачите, не беше лесно да се одлучат која платформа да ја поддржат и кои да ги игнорираат, вели Феликс Рихтер од „Statista“.

Денес, работите се многу полесни, бидејќи генерално постојат само две главни платформи за паметни телефони. Како што покажува табелата, уредите со „Android“ и „iOS“ сочинуваат повеќе од 99 отсто од глобалната продажба на паметни телефони во 2016-та година, според компанијата за истражување на пазарот „Gartner“.

Сите други платформи, вклучувајќи ги и поранешните лидери на пазарот на „BlackBerry“ и „Windows Phone“ на „Microsoft“, се сосема ирелевантни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП