6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФершпед АД Скопје позитивно сработи во првото полугодие од 2017

Фершпед АД Скопје позитивно сработи во првото полугодие од 2017

Групата Фершпед АД Скопје во  периодот Jануари – Jуни 2017 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во консолидираниот неревидиран Биланс на успех и оствари добивка од 23.583 илјади денари.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Групата Фершпед АД Скопје нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

Вкупни приходи (консолидирани)

Вкупните консолидирани приходи во Група Фершпед АД Скопје за период Јануари – Јуни 2017 година изнесуваат 1.748.822 илјади денари и во споредба со остварените вкупни консолидирани приходи за истиот период 2016 година  бележат  зголемување од 9%.

Остварените консолидирани оперативни приходи изнесуваат 1.742.224 илјади денари и бележат пораст од 10% во однос на консолидираните оперативни приходи за истиот период 2016 година.

Финансиските приходи на Група Фершпед АД остварени во првото полугодие од 2017 година бележат намалување во однос на истите 2016 година.

Вкупни расходи (консолидирани)

Вкупните консолидирани  расходи за период Јануари – Јуни 2017 година во износ од 1.674.383 илјади  денари бележат пораст од околу 8 % во однос на вкупните консолидирани расходи  за истиот период  2016 година.

Консолидираните оперативни расходи изнесуваат 1.656.445 илјади денари и истите бележат раст од  8% во однос на истите од 2016 година.

Финансиските расходи  бележат пад во однос на  истиот период  минатата година.

Во првото полугодие од 2017 година Група Фершпед АД Скопје оствари нето добивка  во износ од  23.583 илјади денари.

Обврски по кредити

Вкупните обврски по кредити на Група Фершпед АД Скопје за првото полугодие во 2017 година изнесуваат 654.124 илјади денари. Истите бележат пад од 16% во споредба со истиот период 2016 година и претставуваат 21% од капиталот и резервите.

Реализацијата на планот во Група Фершпед АД Скопје  за период Јануари – Јуни 2017 година е во рамките на планираните активности.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП